Пелистер во Битола го брани врвот

144

Пелистер е единствениот непоразен тим во Првата лига по пет одиграни кола. Битолскиот состав има старт како минатата сезона, а својата серија на победи може да ја продолжи уште денеска.

Избраниците на Марјан Илиевски се домаќини на Куманово во рамките на шестата рунда, дуел во кој влегуваат како фаворити. Оваа средба исто како и вечното дерби се игра порано, поради обврските на Пелистер во АБА 2-лига. Во вториот балон во второлигашкото јадранско друштво во Осијек, ги чекаат два натпревари, еден против МЗТ Скопје Аеродром, закажан за 10.ноември.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.30: Пелистер – Куманово 2009

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

​6. НОЕМВРИ (САБОТА):

14.00: ТФТ – Ангели

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

17.30: Кожув – Еуро Никел 2005

Сала „26.април“ – Гевгелија

19.00: Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

7. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА):

12.00: Феникс 2010 – Гостивар (МРТ)

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ПОРАНО ОДИГРАНО:

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички            87:66

ПретходноАрхитектонско чудо во Мадрид: Реал доби „рудник за злато“ (ВИДЕО)
СледноГотово е: Чави е нов тренер на Барселона