„Франс Фудбал“ демантира дека Меси ќе ја добие „Златната топка“: Апсолутна глупост!

166

Главниот уредник на „Франс Фудбал“, Паскал Фере, ја коментираше информацијата дека Лионел Меси е сигурен добитник за „Златната топка“ за оваа година.

„Апсолутна глупост! Многупати во последните 10 години бевме сведоци на вакви гласини. Ова е целосна измислица. Сè уште не сме го известиле победникот“, изјави бесниот Фере, цитиран од француските медиуми.

Меси е еден од големите фаворити за највредното индивидуално признание во светот на фудбалот. Доделувањето на наградата ќе се одржи на 29 ноември во Париз.

ПретходноИ Медведев е во полуфиналето во Париз
СледноПандев на клупа, Џенова извади реми кај Емполи (ВИДЕО)