Чави веднаш го отпиша засилувањето на Куман

2027

Наскоро се очекува Барселона да го промовира Чави како ново тренерско име. Некогашниот фудбалер на каталонскиот тим го чека многу работа. Ќе има промени во составот, дел од играчите кои ги донесе Роналд Куман ги чека лоши вести.

Прв во редот на отпишани ќе биде Де Јонг. Фудбалерот кој дојде од Севиља, на шест лигашки мечеви постигна само еден гол, додека во Лигата на шампиони и натаму го чека првиот погодок.

Барселона веќе во јануари сака да се ослободи од него, да го врати во Севиља од каде дојде на позајмица.

Чаво во редовите на Барселона доаѓа под еден услов, да има одреден буџет за засилувања во јануари, најверојатно на располагање ќе има 20 милиони евра.

Исто како од челниците на каталонскиот гигант побара со себе да го доведе комплетниот стручен штаб од Ал Сад, како и доволно време за да успее да ја врати Барселона како во старите денови.

ПретходноМурињо никогаш не греши, прстот го насочи кон еден човек
СледноАрхитектонско чудо во Мадрид: Реал доби „рудник за злато“ (ВИДЕО)