И дефинитивно. Чави Ернандез, еден од најдобрите играчи на Барселона во клуспката историја е новиот стратег на каталонската гордост. Се чека само на промоцијата. Сите кои ја сакаат Барса се воодушевени од овој факт, но Чави како голем тренер со еден потег веднаш покажа што мисли за минатото, но и за иднината.
Имено тој нема да смета на Осман Дембеле и Лук де Јонг. Едноставно ќе ги откачи. Познато е дека негова желба е да му се доведе Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.
Исто така со еден потег тој покажа колку ја сака својата Барселона. Имено со оглед на тоа дека Барса е со празна каса, 2,5 милиони евра од вкупната отштета од 5 милиони, кои Барселона требаше да му ги плати на АЛ Сад, токму Чави ќе ги плати.
Со ова просто тој и тоа како ги „купи“ сите фанови на Барса.