Алегри: Меки сме во одбраната, мораме да ја држиме устата затворена и да работиме напорно

131

Тимот на Јувентус некогаш беше поин за дефанзива, и за цврстина во овој дел од играта но во моментов тоа не е така. Тренерот на Јуве, Масимилиано Алегри е свесен за тоа и го потврдува во денешната изјава, како најава за викенд дербито против Фиорентина.

„Не треба да примаме голови, дури и кога ќе постигнеме четири. Мислам дека се уште сме меки во дефанзивата. Во исто време работите се подобри кога сме на противничката половина. Ни треба рамнотежа.Ја остваривме нашата прва цел сезонава, пласман во 1/8-финалето на Лигата на шампионите, но мораме да ја држиме устата затворена и да работиме напорно.

Мора да имаме поинаков пристап на играта кога водиме. Кога ќе постигнеме гол, ги гасиме светлата и се чувствуваме како натпреварот да е завршен“, коментира Алегри. 

ПретходноЕгипет и Парондо потпишаа договор на три месеци
СледноГеоргиевски го истетовира олимпискиот медал (ФОТО)