Пандев на клупа, Џенова извади реми кај Емполи (ВИДЕО)

83

Џенова никако да победи. И трет меч во серија, тимот на нашиот Горан Пандев одигра нерешено во Серија А. Вечерва кај Емполи, Џенова се спаси од пораз во последните минути од мечот и на крајот стигна до 2:2 за петтото сезонско реми.

Нашиот интернационалец го преседе мечот на клупата за резерви, а неговите соиграчи иако водеа со 1:0 на полувреме, во вториот дел не успеаја да го издржат налетот на домаќините и дозволија комплетен пресврт.

Кришито со гол од пенал во 13. минута го донесе тимот на Џенова во водство од 1:0, додека домашните израмнија преку Ди Франческо во 62. минута. Водството за Емполи го донесе Журковски само 9 минути подоцна.

Во завршницата по пет извршени замени, резервистот Флавио Бјанки погоди во 88. минута за ново израмнување, 2:2.

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Претходно„Франс Фудбал“ демантира дека Меси ќе ја добие „Златната топка“: Апсолутна глупост!
Следно„Светците“ фатија залет: Саутемптон ја „помина“ и Астон Вила