Пелистер доминира: Куманово „демолиран“ за едно полувреме

171

Уште една фуриозна партија и убедлива победа на кошаркарите на Пелистер. Во шестиот сезонски меч, битолските „зелени“ ја запишаа и шестата победа, откако денеска го совладаа Куманово со 97:71.

Со оглед на резултатот во првиот дел, одлуката за победникот падна во извонредната трета четвртина која домашните ја добија со (27:9) и најавија дека нема шега, иако на полувремето имаа само минимална предност од 45:41.

Уште една одлична партија имаше Кесар кој средбата ја заврши со 22 поени, а одлични беа и Ѓуроски со 16 и Малешевиќ и Трајковски кои постигнаа по 12 поени.

ПретходноАлварез пред дуелот со “лавовите“: Со нова победа да ги израдуваме навивачите на Шкупи!
СледноЕтеми стрелец за Истанбулспор: Доби повик од Милевски и веднаш постигна прекрасен гол (ВИДЕО)