Некогаш еден од најдобрите светски фудбалери, Еден Азар, во јануари би можел да ги напушти редовите на Реал Мадрид.
Некогаш еден од најдобрите светски фудбалери, Еден Азар, во јануари би можел да ги напушти редовите на Реал Мадрид.
Белгијскиот репрезентативец во редовите на „кралскиот“ тим дојде во 2019 година од Челзи и се очекуваше да биде лидер. Сепак не ги исполни ветувањата, повеќе време мина по болници поради повреди, отколку на терените. Неговото заминување станува реална опција.
Најновите информации велат дека Реал веќе го понудил на Манчестер Јунајтед да го купи уште во јануарскиот преоден рок, но раководството на премиер-лигашот веднаш испратил негативен одговор. Азар со Реал е врзан до 2024 година, па неверојатно ќе остане до истекот на истиот.
Тој оваа сезона одигра 10 меча и постигна само еден гол.