Барселона среде ноќ го потврди Чави, откри дел од договорот

290

Чави Хернандез и официјално е нов тренер на Барселона. Легендарниот фудбалер во таборот на каталонскиот гигант се враќа во една поинаква улога, која дефинитивно нема да биде лесна, ако се земе моменталната ситуација во која се најде клубот.

Оваа информација Барселона вчера доцна ја потврди на официјалната страница, со Чави е постигнат договор до крајот на сезоната и на уште две години.

„Барселона постигна договор со Чави Хернандез, кој ќе биде тренер до крајот на оваа сезона и во следните две. Чави е производ на младинскиот погон на Барселона, тој го напушти Ал Сад по неколку дневни преговори со раководството на клубот“, известија од таборот на каталонскиот гигант.

Чави во понеделник ќе биде претставен пред медиумите, тој и овој викенд ќе биде со тимот. Засега не се познати деталите околу финансискиот дел.

 

ПретходноГолден Стејт како во шампионските денови, го демолира Њу Орлеанс (ВИДЕО)
СледноКадриу: Струга ТЛ со сите сили по трите бода во Битола!