Новак Ѓоковиќ 2021 година ќе ја заврши како прв на АТП листата. Имено тој попладнево во мастерсот во Париз, успеа со 2:1 во сетови да го победи Хуберт Хуркач од Полска и да се пласира во големото финале. Тоа и му беше потребно на Србинот кој против Хуркач имаше и тоа како проблеми, се случуваше вистинска драма, посебно во решавачкиот трет сет.
Првиот сет го доби Хуркач со 6:3, Новак во вториот врати експресно со 6:0 за да во последниот сет, во тајбрекот на 5:5, Хуркач имаше зицер, но ја погоди мрежата. Казната стигна многу брзо и Новак со 7:6 успеа да го добие овој сет за конечна победа.
Тенисерот бр.1 во светот во финалето ќе ги одмери силите со победникот од вториот полуфинален меч меѓу Зверев и Медведев.