„Ладен туш“ од Ла Лига за Барса и за Чави, ќе се „чешла“ договорот!

547

Каталонскиот гигант поради лоши резултати му врачи отказ на Роналд Куман, неговото место ќе му припаде на Чави Хернадез, кој претходните шест години го предводеше Ал Сад.

Иако имаше договор со клубот, сепак по неколку дневни преговори Барса успеа да постигне договор со тамошното раководство и доцна синоќа објави дека легендарниот фудбалер е нов тренер.

Оваа информација наиде на воодушевување од страна на фановите, но еуфоријата брзо спласа, стигна „ладен туш“ од Ла Лига.

„Марка“ откри дека првиот човек Тебас им порачал на челниците дека детално ќе го истражи кам-бекот на Чави во Барселона. Тој ќе направи ригорозна истага за да се увери дека нема неправилности и кршење на финансискиот фер-плеј.

Тебас ќе ги „чешла“ секој детал од договорот на новиот тренер, ако најде неправилности во тој случај каталонскиот гигант ќе се најде во нови проблеми, кои веќе долго време ги има.

Чави и Барса потпишаа договор до крајот на оваа сезона и плус две години.

ПретходноКадриу: Струга ТЛ со сите сили по трите бода во Битола!
СледноПМФЛ: Кој ќе биде “главен“ под Шара, лидерот во Ѓорче, Работнички против „пандевци“