Македонија и Египет во нова пресметка во Каиро

260

Нов ден, нова за шанса за нашите ракометари да ги поправат грешките од првата пресметка против Египет, која ја загубија со 32-25. И втората средба се игра во истиот термин, во 17 часот.

Избраниците на Кирил Лазаров одиграа одлични 40. минути против тимот на Роберто гарсија Парондо, мал пад, ги чинеше на крајот пораз.

Селекторот не случјано го одбра Египет за противник во рамките на ЕХФ неделата. На Македонија и се потребни силни противници за да Лазаров и неговиот стручен штаб имаат јасна слика пред стартот на Европското првенство.

Предводникот на располагање има комбиниран состав, покрај него, кој одлучи да биде само на клупата во составот го нема Стојанче Стоилов, кој остана во Скопје. Па вистинското лице на нашиот најдобар национален состав ќе го видиме токму во Дебрецин, градот домаќин на групата на „црвено-жолтите“.

Вчера стандардно добар беше Никола Митревски со 11 одбрани, добра партија пружи Филип Талески, кој беше лидер со шест погодоци, а за поздрав е играта на Цветан Кузманоски, тој ги изведуваше удари од седум метри.

За директен пренос од овој натпревар засега нема информации, се очекува домаќинот Египет да излезе во известување на својата официјална „Фејсбук“ страница.

Македонија на ЕП 2022 ќе игра против Словенија, Црна Гора и Данска.

ФОТО: EHF الاتحاد المصري لكرة اليد

ПретходноВМФЛ: Победа сака три бода од Пехчево, Воска против Гостивар…
СледноАтанасковски со гол против Тобол и Амановиќ до полуфинале во купот