Мицевски со РФС заокружи двојна круна во Летонија

149

Македонскиот дефанзивец Дарко Мицевски со својот РФС стана шампион на Летонија и со тоа придодаде уште една титула во своето портфолио по оној трофеј во Купот на Летонија освоен пред неколку денови.

РФС славеше над Даугавпилс со 2:0 во последното коло и со тоа ја зациментира првата шампионска титула во Летонија. На табелата има 66 бода, четири повеќе од вториот Валмиера, а дури 15 повеќе од третиот Лиепаја.

Мицевски му се приклучи на РФС оваа година, а претходно играше за Вардар, Минск, Нови Пазар, ОФК Белград, Тетекс, Работнички…

Има и два настапи за македонската репрезентација.

ПретходноЕлмас и Наполи со Марадона на дресот ќе играат во ноември!
СледноЛева го „растура“ Фрајбург, 20 гола на 19 соочувања со нив (видео)