Струмица и Борец доминантно, „маратоните“ за Весна Пробиштип и Дибра В.

145

Одбојкарите на Весна Пробиштип по голема борба го добија дуелот со Лирија во рамките на 5. коло од домашното одбојкарско првенство. На дуелот во Пробиштип, домашните го загубија првиот сет, но успеаја да се вратат во следните два и да најават триумф против жилавиот противник.

Лирија не се предаде, па со одлична игра го освои четвртиот сет и се избори за тај-брејк. Во него, Весна Пробиштип направи разлика уште на стартот и со 15:7 успеа да дојде до победа од 3:2 во сетови.

Неизвесен и долг меч одиграа и Македонија Џио и Дибра Волеј. Струмичани имаа предност од 2:0, но гостите со фантастичен пресврт дојдоа до победа од 3:2.

Лесно до победите дојдоа Струмица 47&72 и Борец. Велешани дома славеа над Штип со 3:0, а со истиот резултат шампионот замина како победник од Скопје на дуелот со Јанта Волеј.

Прва лига (мажи), 5.коло

Јанта волеј – Струмица 47&72                0:3 (9:25, 13:25, 15:25)

ГОК Борец – Штип УГД                           3:0 (25:15, 25:18, 25:15)

Весна Пробиштип – Лирија                     3:2 (21:25, 25:21, 25:23, 17:25, 15:7)

Македонија Џио – Дибра волеј                2:3 (25:16, 25:23, 17:25, 19:25, 14:16)

Шкендија – Универзитет во Тетово             (понеделник, 20.00, пренос МРТ-3)

***Слободна е екипата на Вардар

ПретходноПандев ќе добие нов тренер: Џенова и официјално му врачи отказ на Балардини
СледноФилип Милошевски реизбран за член на Арбитражата на ИХФ