ФМП Академија со четврта победа во серија

86

Кошаркарите на ФМП Академија влегоа во победничка серија која трае веќе четири меча. Вечерва во меч од 6. коло, ФМП Академија на домашен терен славеше против вториот состав на МЗТ Скопје со 84:74 и ја продолжи победничката низа, по стартните два порази оваа сезона.

Одличен меч за домашните одигра Крстајиќ со 18 поени, додека втор реализатор кај домашните беше Бакоч со 12 поени. Кај младиот состав на „штрковите“ најпрецизен беше Блажевски со 16 поени.

Претходно„Милионерите“ загубија кај Лајпциг и останаа четири бода зад Баерн (ВИДЕО)
СледноЊукасл извади реми кај Брајтон пред очите на новиот менаџер (ВИДЕО)