Чави Хернандез наскоро ќе биде промовиран како нов тренер на Барселона. Се е средено, подготвено, тој во текот на денешниот ден би требало да пристигне во Каталонија.
Чави за медиумите ја искоментира целата ситуација, говорејќи со восхит за потегот на Барселона, инсистирањето токму тој да биде новиот тренер, како и неизмерната доверба која очигледно ќе му биде доверена.
„Неизмерно сум благодарен на управата на Барселона. Дојдоа по мене во Доха. Имав откупна клаузула која заендички ја подмиривме. Им благодарам од се срце. Ќе ги тренирам моите поранешни соиграчи, Чави, Роберто, Бускетс, Алба, Тер Штеген. Тоа го гледам како предност, затоа што овие петмина се водачите на Барселона“ – изјави Чави.