Џенова наскоро ќе добие ново тренерско име. Раководството на клубот не е задоволно од резултатите и работата од Давиде Балардини, кој наскоро треба да добие отказ.
Според тамошните медиуми тимот за кого настапува најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, можно е да „падне“ во рацете Украинецот Андриј Шевченко.
Некогашниот фудбалер е слободен, откако ја напушти украинската репрезентација по завршување на Европското првенство, од Италија има само убави моменти, па има големи шанси да се врати како тренер. Тој веќе добил понуда, двегодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една.
Genoa are prepared to appoint Andriy Shevchenko as new manager, confirmed. Negotiations progressing to complete and sign the agreement in the next hours. 🇺🇦 #Genoa #SerieA @DiMarzio
Sheva will be back to Italy after his experience as Ukraine head coach.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 6, 2021
Џенова вечерва во самиот финиш се спаси од пораз на гостувањето против Емполи, има девет бода на 15. место во Серија А.