Давид Атанасковски со неговиот Шахтјор Караганди мина во полуфиналето на купот на Казахстан со конечни 5:2 го совлада тимот на Тобол за кој настапи Алекса Амановиќ.
Атанасковски беше и стрелец на овој меч со гол во 14. минута за во тој момент 2:0, а во конечниот резултат веројатно клучниот момент.
Потоа гостите се вратија во мечот до полувреме со 2:1, но домаќинот на овој меч едноставно беше пресилен.