Барселона повторно по старо. Кикс до кикс. Се чини дека ќе биде премија ако оваа сезона избори место во ЛШ за наредната сезона. Каталонскиот клуб го смени тренерот но резултатите не се променија. Денеска гостуваа кај Селта и одиграа 3:3. Со головите на Фати, Бускетс и Депај Барселона водеше на полувреме со 0:3 и ова водство го држеа се до 52. минута кога работите почнаа да се движат во обратна насока.
Селта се крена, прво Аспас намали, по него погоди Нолито, а ремито го донесе Аспас во шестата минута од судиското продолжение.
Барса е на 9-тото место и има пет ремија (17 бода вкупно), а Селта е 14-та.