Чави Хернандез и официјално е нов тренер на Барселона. Легендарниот фудбалер во таборот на каталонскиот гигант се враќа во една поинаква улога, која дефинитивно нема да биде лесна, ако се земе моменталната ситуација во која се најде клубот.
Оваа информација Барселона вчера доцна ја потврди на официјалната страница, со Чави е постигнат договор до крајот на сезоната и на уште две години.
„Барселона постигна договор со Чави Хернандез, кој ќе биде тренер до крајот на оваа сезона и во следните две. Чави е производ на младинскиот погон на Барселона, тој го напушти Ал Сад по неколку дневни преговори со раководството на клубот“, известија од таборот на каталонскиот гигант.
Xavi Hernández returns home 6 years after his goodbye from Camp Nou 💙❤️
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 6, 2021
𝑀𝑖𝑠𝑡𝑒𝑟 X6VI pic.twitter.com/r7Z4Y4fB0L
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 6, 2021
Чави во понеделник ќе биде претставен пред медиумите, тој и овој викенд ќе биде со тимот. Засега не се познати деталите околу финансискиот дел.