Битка за Манчестер: Јунајтед VS Сити, Оле против Пеп…спектакл на “Олд Трафорд“

157

 

Денеска во 13.30 часот се игра мега – дербито во Премиер – лигата меѓу Јунајтед и Сити. Ова е меч од 11.коло во најсилната лига во светот а силите ќе ги одмерат градските ривали, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, едни од најспектакуларните екипи во светот.

Се разбира дека ова ќе биде спектакл. Оле Гунар Солскјер против Пеп Гвардиола ќе мора да оди на трите бода. На Норвежанецот и натаму му се тресе клупата, па ако сака мир и стабилност, ќе мора денеска да победи. А како да се победи Сити, кој иако не игра оваа есен како штознае и умее, сепак веројатно е фаворит на хартија на овој мега – дуел. И Пеп добро знае дека неговиот тим ова дерби мора да го добие зошто Челзи веќе избега на табелата, а и Ливерпул со Клоп потсетува на своите најдобри времиња.

Тоа значи дека денеска од 13.30 часот се очекува спектакуларен меч, со многу голови, но внимавајте, на последните два меча меѓу градските ривали победувал гостинот.

Солскјер не ќе може да смета на Погба и Варан, додека Гвардиола ќе мора без Лапорт, Менди и Феран Торес.

Сепак тука се Роналдо, Кавани, Санчо…Стерлинг, Дијаш, Де Брујне… време е за уште едно фудбалско уживање од Премиер – лигата.

ПретходноПМФЛ: Кој ќе биде “главен“ под Шара, лидерот во Ѓорче, Работнички против „пандевци“
СледноНестварни сцени од Турција: Судијата прерано означи крај, па ги враќаше фудбалерите од соблекувална