Манчестер Јунајтед претрпе пораз од соседот Манчестер Сити со 0:2 на „Олд Трафорд“ што е разочарувачки резултат како и за фудбалерите така и за тренерите и за навивачите. По она понижување од Ливерпул пред неколку недели, сега стигна нокаут од градскиот ривал. Бруно Фернандеш беше разочаран од изданието на тимот и вели дека играчите не се на нивото на кое треба да бидат.
„Мораме помалку да зборуваме, а повеќе да работиме. Неколку пати го кажав тоа, сега го повторувам. Мораме да се промениме затоа што ова не знам по кој пат ни се случува сезонава. Тоа што го правиме не е доволно“, рече Фернандес.
Сити имаше 68% контрола на топката, а исто така беше поопасен од „Ѓаволите“.
„Ако сакаме да бидеме на исто ниво како нив мораме да работиме многу. Ние само мислиме дека сме на некое високо ниво, но очигледно не сме. Секој фудбалер на Јунајтед треба да застане пред огледало и да се праша што прави погрешно. Не може еден фудбалер да го смени менталитетот на сите други, мора секој да се потруди да увиди во што е грешката и да почне да работи на поправање“, рече Португалецот.