Сензација во Охрид. Во меч од 10.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, Гостивар како гостин ја победи фаворизираната Воска Спорт и тоа со 0:1. Стрелец на победничкиот гол за гостиварци беше Синани во 58.минута.
На истокот се одиграа два меча. Во Пехчево домашниот состав на Кит Го и Победа одиграа 1:1. Кудев во 51.минута и донесе водство на домашната екипа, додека за Победа израмни Спиркоски во 75.минута.
И во Струмица, Беласица со 4:1 ја декласира екипата на Детонит.