Првото коло од вториот круг во двете втори лиги закажано е за утре, но сепак и денеска ќе се игра второлигашки фудбал и тоа три натпревари. Најинтересно ќе биде во Пехчево, каде од 13 часот во ВМФЛ – ИСТОК, силите ќе ги одмерат Кит Го и Победа. Прилепчани сакаат три бода со кои и натаму ќе бидат на чело на табелата.
На истокот се игра уште еден меч, а тоа оној во Струмица каде Беласица ќе ги одмери силите против Детонит. Ова е последна шанза за струмичани со победа да им се придружат на оние екипи кои се во горниот дел на табелата.
За западот денеска се игра само еден меч, оној во Охрид каде домашната Воска Спорт ќе настојува да дојде до трите бода против добриот состав на Гостивар.
Како што веќе напоменавме, сите останати натпревари од ВМФЛ во источната и западната конкуренција се играат утре.