Во меч од 13.коло во ПМФЛ, денеска во 13 часот екипата на Струга Трим Лум ќе се обиде да ја прекине серија без победа со триумф над разнишаниот Пелистер. Јасно е дека стружани се фаворити, дека Пелистер треба да се добие, но за тоа да се случи ќе треба реализацијата на тимот на Срѓан Захариевски да биде на повисоко ниво.
Флориан Кадриу, фудбалерот на Струга Трим Лум во пресрет на денешниот дуел под „Тумбе Кафе“ изјави.
“Свесни сме дека сме испуштиле многу бодови. Овој натпревар дефинитивно е многу важен за нас,токму затоа во Битола со сите сили ќе одиме по трите бода. Не сакаме да го потцениме противникот, но сакаме да ја прекинеме серијата без победи и сакаме да започнеме една нова, победничка серија. Максимално сме подготвени,детално е анализиран противникот и ни останува само да ги спроведеме задачите на нашиот струче штаб“ потенцираше Кадриу.