Кошаркарите на Кожув за многу кратко време ја забележаа и втората победа во првата лига. По победата над Феникс 2010, денеска пред својата публика во Гевгелија го совладаа Еуро Никел 2005 со резулатт 86:79. Гостите беа подобри во првото полувреме, водеа со седум разлика, но во второто попуштија.
Кај Кожув Вилијамс имаше ефект од 28 поени и 8 асистенции, а исто поени реализира Николовски, а Симоновски погоди пет тројки од шест обиди.
Кај Еуро Никел, по 22 поени реализираа Соколов и Томиќ.
Кожув моментално е седми на табелата, а Еуро Никел е две места подоле.