Добри вести доаѓаат за Лионел Меси. Медицинскиот тим на ПСЖ објави дека аргентинскиот фудбалер на теренот може да се врати многу порано од очекувањата, најверојатно ќе биде за дербито со Бразил во квалификациите за СП 2022 година.

Ова се одлични вести за Аргентина, но и за ПСЖ, кој на него ќе може да смета веднаш по репрезентативната пауза, иако првите прогнози беа дека на теренот ќе го видиме на средината на декември.
Меси се повреди против Лил, излезе на полувремето поради повреда на мускулот на левата нога, првите прогнози не беа добри, но новите прегледи ги охрабрија сите во таборот на фрнацускиот тим.
Ова значи дека Аргентинецот ќе биде подготвен за последното коло од Лигата на шампиони кое се игра во првата недела од декември.