Одбојкарките на Наковски Волеј и Работнички ја продолжуваат победничката серија на домашната одбојкарска сцена. И по пет кола, овие два тима се уште не знаат за пораз.
Денеска во скопската пресметка, Работнички како гостин го прегази Вардар со убедливи 3:0 препуштајќи им на „црвено-црните“ само 28 мпоени во сите три сета. До победа дојдоа и струмичанки, одбојкарките на Наковски Волеј, кои загубија сет, но славеа со 3:1 на гостувањето во Битола против солидниот млад состав на Пелистер.
Јанта Волеј КВ немаше проблеми со Универзитет во Тетово обезбедувајќи убедливи 3:0, исто како и екипата на Струмица која во Скопје со максимален резултат славеше кај Фит Фан Волеј.
Прва лига (жени), 5.коло
Пелистер волеј – Наковски волеј 1:3 (10:25,25:17, 9:25, 13:25)
Вардар жени – Работнички Скопје 0:3 (9:25, 9:25, 10:25)
Јанта волеј КВ – Универзитет во Тетово 3:0 (25:13, 25:22, 25:20)
Фит фан волеј – Струмица жени 0:3 (15:25, 14:25, 16:25)