Норвич по 20 меча без успех, конечно, победи во Премиер лигата

117

Малку славење и за малиот Норвич кој успеа да запише триумф на гостувањето кај Брентфорд во 11. коло на Премиер лигата. „Канаринците“ славеа со 2:1 со головите на Норман и Пуки во првото полувреме.

Интересно е што ова е прва победа на Норвич по 20 меча без успех во Премиер лигата, односно од февруари 2020 година немаа забележано победа во најсилната англиска лига. Во таа серија имаа 18 порази и две ремија. Со оваа победа се одлепија од последното место на табелата и сега имаат пет бода, еден повеќе од последниот Њукасл кој има и меч помалку.

ПретходноАх, таа Барса – водеше кај Селта со 0:3, на крајот освои само бод!
СледноБруно: Секој играч на Јунајтед да се погледне во огледало и да се запраша што прави погрешно