Пандев ќе добие нов тренер: Џенова и официјално му врачи отказ на Балардини

132

Четвртиот мандат на Давиде Балардини како тренер на Џенова заврши денеска откако клубот од Серија А и официјално објави дека тој добил отказ.

57-годишниот стручњак беше под притисок откако победи на само еден меч од почетокот на сезоната, а по ремито 2:2 на гостувањето кај Емполи синоќа, управата ја донесе конечната одлука.

Џенова го ослободи Давиде Балардини од неговите должности и наскоро се очекува да го назначи Андриј Шевченко за нов тренерна тимот.

ПретходноНаковски Волеј и Работнички ја продолжија победничката низа
СледноСтрумица и Борец доминантно, „маратоните“ за Весна Пробиштип и Дибра В.