ПМФЛ: Струмичка “тројка“ на Арената, дербито за Шкендија, лидерот шокиран во Ѓорче… (ВИДЕО)

575

Се одиграа сите шест мечеви од 13.коло во ПМФЛ. Супер – “пандевци“, тие со 0:3 на гости успеаја да го декласираат Работнички и тоа на Арената во Скопје. Убав меч, со многу шанси но сепак Академија Пандев покажа кој е кој во моментов. Крстевски и двапати Мирчевски ги решија сите делими уште во првиот дел.

Каков шок за Шкупи во Ѓорче. Лидерот е поразен од Македонија ЃП во Ѓорче и тоа со голот на Филиповски во 90+2.минута за конечни 2:1 за “лавовите“ кои покажаа дека и Шкупи може да се победи.

Шкендија со голот на Гури ја победи Ренова со 1:0. Големи три бода за шампионот, сепак треба да се каже дека “гипсарите“ речиси 80 минути играа со играч помалку.

Тиквеш го победи Борец со 2:1, иако велешани водеа со 0:1 со голот на Љума, сепак Ивановски од пенал и Христов направи пресврт за заслужена победа на кавадарчани.

Брегалница славеше против Скопје со 2:1, победничкиот гол беше дело на Ѓокиќ во 90.1 минута.

И во Битола, Струга ТЛ со голот на Малевски уште во првиот дел го победи домашниот тим на Пелистер со 1:0 и конечно ја прекина долгата серија без победа.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 13.КОЛО

ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ 0:1

(/Малевски 27.)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 2:1

(Адем (п) 65., Филиповски 92./Ѓорѓиевски 71.)

БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ 2:1

(М. Стојанов 45., Ѓокиќ 90+1./Јашароски (п) 74.)

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 0:1

(/Гури 23.)

ТИКВЕШ – БОРЕЦ 2:1

(Ивановски 41., Христов 47./Љума 25.)

РАБОТНИЧКИ – А.ПАНДЕВ 0:3

(/Крстевски 7., Мирчевски 10., (п) 45.)

ПретходноМакедонецот вечерва на “Бернабеу“: Столе ќе го брани Рајо против “кралевите“!
СледноВМФЛ: Гостивар ја „сопна“ Воска, Победа само со бод од Пехчево…