Полувреме: Блескави „пандевци“, Гури промаши пенал па со петица и даде гол на Ренова…

273

Блескави 45.минути за Академија Пандев на Арената. Струмичани водат со 0:3 на гости кај Работнички. Крстевски и двапати Мирчевски беа стрелците за “пандевци“ кои просто го декласираа Работнички. Сепак треба да се каже дека на 0:2 имаше досудено офсајд кога Марио Станковски погоди а не беше во недозволена ситуација, барем така се виде на ТВ снимката.

Шкендија има водство против Ренова која од 10.минута игра со играч помалку, исклучен беше Абдула. Гури прво не успеа да реализира пенал, но неколку минути подоцна со петица ја затресе мрежата на “гипсарите“.

Брегалница има водство против Скопје со 1:0 со голот на Мартин Стојанов, исто води и Струга ТЛ во Битола со голот на Малевски, а во Кавадарци резултатот е 1:1. Нема голови само во Ѓорче каде играат Македонија ЃП и Шкупи.

ПретходноЧави: И благодарам на Барселона, откупната клаузула ја плативме заеднички
СледноМакедонецот вечерва на “Бернабеу“: Столе ќе го брани Рајо против “кралевите“!