Реал (М) ја одбил првата понуда на Арсенал за Асенсио

366

Реал (М) ја одбил првата понуда која од Арсенал пристигнала за Марко Асенсио. Шпанскиот репрезентативец е еден од играчите кои Реал Мадрид кои се на листата на потенцијални фудбалери за заминување од Мадрид уште оваа зима.

Арсенал наводно веќе испратил понуда од 30 милиони евра за купување на поранешниот играч на Мајорка. Микел Артета се уште е решен да го ангажира Асенсио, па голема е веројатноста „точиите“ да ја зголемат понудата до почетокот на јануарскиот преоден рок.

Според некои извори, Реал ќе биде задоволен со обештетување од 40 милиои евра.

ПретходноФ1: Двоецот на Мерцедес тргнува прв на ГН на Мексико
СледноПортланд добар против Лејкерси на свој терен (ВИДЕО)