Смит: Јас сум голем борец, но по пет порази по ред….

225

Се беше поинаку за тимот  на Астон Вила на стартот на овој шампионат кога освоија три бода среде Олд Трафорд во дуелот со Манчестер Јунајтед. Тогаш за тренерот на Вила, Дин Смит, се пишуваа бајки но фудбалот е сурова работа, па сега тој истиот Смит и таа истата Атон Вила имаат пет порази по ред. Последниот е синоќа против Саутемптон на гостински терен од 1:0.

„Не е лесно по пет последователни порази. Јас одсекогаш сум бил борец. Секако и дека сум разочаран во моментов. Повторно останавме со празни раце и вечерва, а не мораше така да биде. На Саутемптон му припадна првото полувреме, нам второто. За жал, ние не постигнавме гол. Мислам дека реално беше ремито на овој меч, но… “ – изјави според сите на островот веќе прежалениот менаџер на Астон Вила, Дин Смит.

 

AP Photo/Frank Augstein
ПретходноНестварни сцени од Турција: Судијата прерано означи крај, па ги враќаше фудбалерите од соблекувална
СледноВМФЛ: Победа сака три бода од Пехчево, Воска против Гостивар…