Солскјер разочаран по поразот од Сити: Мислев дека сме напреднале…

394

По поразот од градскиот ривал Сити, тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер се најде под голем притисок на јавноста. Тој е разочаран од играта на својата екипа, од резулатот. Јунајтед не оди на вистинскиот пат, а по четвртиот пораз во 11 натпревари е на 6-тото место на табелата. Она што е загрижувачки е што екипата лесно прима голови. На последните четири во Премиер лигата прими 11. Прво загуби од Лестер со 2:4, па од Ливерпул со 0:5, го победи Тотенхем 3:0, а сега е поразен од Сити со 0:2.

Разочаран сум. Минатата недела, по онаа победа над Тотенхем, мислев дека сме напреднале, дека сме направиле чекор напред, но очигледно не е така. Ова е голем чекор назад. Не ни (ми) се допаѓа начинот на кој губиме. Фудбалерите на Сити добро не притискаа. Не го достигнавме потребното ниво за да победуваме силни тимови. Изминатите четири недели бевме разочарување. Мораме да бидеме поагресивни.

Кога ќе се загуби натпревар, најдобар одговор е да се победи на следниот. Затоа по овој пораз, мораме да одговориме со добар резултат против Ватфорд. Сега сме како рането животно. Исто така добро е што сега е паузата поради квалификациите за Сп па ќе имаме неколку денови да се консолидираме“, изјави Солскјер.

 

ПретходноКвадрадо во продолжението за радост на Јувентус (ВИДЕО)
СледноБарди одигра цел меч, но Леванте не знае како се победува (ВИДЕО)