ТФТ по поразот од Работнички во минатото коло во Првата лига, како и во БИБЛ лига пред некој ден, им се врати на победите, на домашен терен го совлада дебитантот. Ангели се покажа како тврд противник, падна во последната четвртина, тимот од Тафталиџе славеше со 78-67 и го запиша петтиот триумф сезонава. Дебитантот ја доби првата четвртина со 12-14, на другата страна поискусниот противник врати во речиси иста мерка за 29-28 на одморот. Подобрата игра во следните десет минути им донесе сигурен чекор кон победата, искуството беше пресудно. Костоски со 21 поен беше прв стрелец, Хортон запиша дабл-дабл од 18 поени и 10 скока. На другата страна Мандерсон имаше 18 поени.