Њукасл извади реми кај Брајтон пред очите на новиот менаџер (ВИДЕО)

218

Фудбалерите на Брајтон и Њукасл ремизираа 1:1 во последниот натпревар од саботната програма на 11. коло на Премиер лигата.

Домашните поведоа во 24. минута со голот на Леандро Тросар од пенал, а бод за „страчките“ донесе Исак Хејден во 66. минута, по асистенција на Киран Кларк.

Интересен момент се случи во 92. минута, кога голманот на домашните Санчез  доби црвен картон, а поради тоа што менаџерот на Брајтон, Греам Потер ги направи сите три измени, еден од играчите мораше да застане меѓу стативите.  Улогата на голман му падна на Луис Данк, кој за среќа немаше потреба од интервенција до крајот на мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноФМП Академија со четврта победа во серија
СледноНаковски Волеј и Работнички ја продолжија победничката низа