Во Воска Спорт гневни на судијата Никола Иванов!

1339

 

Во меч од 10.коло,денеска во Охрид, Гостивар сензационално ја победи Воска Спорт, екипа која беше апсолутен фаворит на оваа средба.

По мечот домашните на своите социјални мрежи излегоа со официјално соопштение во кое стои дека се гневни на делењето на правдата на судијата Никола Иванов од Велес.

Во продолжение во целост ви го презентираме соопштението…

“На кого му смета Воска Спорт? Драги љубители на фудбалот и многубројни навивачи што денес беа присутни на градскиот стадион Билјанини Извори во Охрид, да кажеме дека не бараме алиби за нашите промашувања или за нашата слабост на моменти.Сепак мораме да го споменеме КАТАСТРОФАЛНОТО СУДЕЊЕ на таканаречениот судија НИКОЛА ИВАНОВ кој остави црн белег на денешниот натпревар.Ја замолуваме Судиската организација при ФФМ да се преиспита пред да делегира вакви “недораснати” судии како горе наведениот така наречен судија“.

ПретходноКожув ја крева формата, стигна до втората победа по ред
СледноЛазаров по дуелите со Египет: Мора да дојдеме до група од 16 играчи кои ќе можат да одговорат во секој момент!