Голден Стејт како во шампионските денови, го демолира Њу Орлеанс (ВИДЕО)

117

Голден Стејт одигра феноменален меч против Њу Орлеанс, славеше со убедливи 126-85 и потсети на шампионските денови. Вориорс дојдоа до скор од седум победи и еден пораз за совршен старт на сезоната во НБА-лига. Заедно со Јута го држат првото место во Западната конференција.

Вориорс имаа предност од 15 поени во првиот дел, но на одморот сепак заминаа со 54-50. За крајниот исход беше пресудна серијата од 22-6 во третата четвртина во која Стефа Кари доби и заслужен одмор.

Џордан Пул со 26 поени беше прв стрелец кај победникот, Кари имаше 19 поени и 6 асистенции. На другата страна Валанчиунас имаше 20 поени и 15 скока.

Резултати: Детроит – Бруклин 90:96, Орландо – Сан Антонио 89:102, Вашингтон – Мемфис 115:87, Торонто – Кливленд 101:102, Милвоки – Њујорк 98:113, Минесота – ЛА Клиперс 84:104, Портланд – Индија 110:106, Сакраменто – Шарлот 140:110.

ПретходноМеси се враќа порано од очекувањата
СледноБарселона среде ноќ го потврди Чави, откри дел од договорот