Македонецот вечерва на “Бернабеу“: Столе ќе го брани Рајо против “кралевите“!

227

Столе Димитриевски, нашиот прв голман во моментов и член на Рајо Ваљекано во последно време брани во фантастична форма. Така беше пред неколку дена кога на Депај му фати пенал а неговиот тим ја победи славната Барселона. Вечерва Столе ќе гостува на „Сантијаго Бернабеу“ каде заедно со својот Рајо ќе му гостува на најславниот клуб во светот, Реал Мадрид. Мечот е од 13.коло во Ла Лига, а започнува во 21 часот.

Се разбира дека Столе ќе биде во центарот на вниманието, од него Рајо очекува уште еднаш да ја покаже својата екстра класа, и тоа против Бензема, Винициус и останатите мега – ѕвезди на „кралевите“.

ПретходноПолувреме: Блескави „пандевци“, Гури промаши пенал па со петица и даде гол на Ренова…
СледноПМФЛ: Струмичка “тројка“ на Арената, дербито за Шкендија, лидерот шокиран во Ѓорче… (ВИДЕО)