Манчестер во “сино“, фудбалска лекција на Сити за Јунајтед! (ВИДЕО)

139

Во мега – дербито на 11.коло во Премиер – лигата Сити го обои Манчестер во “сино“. Успеа да го победи својот лут ривал Јунајтед, на негов, терен со 0:2. Сепак домашните можат да бидат презадоволни од овбој резултат, посебно ако се знае дека четата на Пеп Гвардиола доминираше во поголемиот дел од средбата, имаше многу, многу шанси а постигна само два гола. Домашниот голман Де Хеа просто правеше чуда на својот гол. Ако не беше тој тимот на Оле Гунар Солскјер ќе претрпеше катастрофа.

Рано, многу рано Сити дојде во водство и тоа со автоголот на Баи во 7.минута. Во последните секунди од првиот дел Бернардо Силва стрелаше за 0:2. На крајот се покажа дека тој резултат е и конечен, без разлика на шансите во продолжението од средбата.

 

ПретходноВМФЛ: Гостивар ја „сопна“ Воска, Победа само со бод од Пехчево…
СледноТФТ се исправи, подобар од Ангели