ПМФЛ: Кој ќе биде “главен“ под Шара, лидерот во Ѓорче, Работнички против „пандевци“

215

За денеска од 13 часот закажани се сите шест меча од 13.коло во ПМФЛ. Секако дека дербито се игра под Шара, каде на Градскиот стадион во Тетово се среќаваат лутите ривали Ренова и Шкендија. “Гипсарите“ оваа есен имаа само еден вистински кикс, и тоа во Купот кога беа “торпедирани“ токму од Шкендија и тоа со 0:5. Дали е време за одмазда, останува да се види. Според местата на табелата, Ренова е во улога на фаворит, но Шкендија и покрај бледите игри досега сепак е актуелен шампион.

БАЈРАМИ ГО ЧЕКА “СВОЈОТ“ ШКУПИ…

Тимот на Шкупи, лидерот на табелата гостува во Ѓорче каде против “лавовите“ ќе оди по својата десетта победа сезонава. Сепак нема да им биде лесно на чаирчани, имено Македонија ЃП под водство на новиот стратег Муарем Бајрами игра препородено, а тој Бајрами секако дека ќе си има свои мотиви, ако се знае како се раздели со Шкупи каде беше тренер пред една година.

Работнички на Арената го дочекува силниот состав на Академија Пандев и во случај на триумф одново “романтичарите“ ќе се најдат во горниот дел и ќе размислуваат за оние места на табелата кои водат во Европа. Брегалница против Скопје ќе сака да покаже дека минатиот меч со Шкупи, кога беше “торпедирана“ на Чаир, билсамо лош ден. Пелистер ја дочекува Струга Трим Лум, а Тиквеш на мечот со Борец ќе мора да ги освои трите бода, се друго ќе биде лошо за тимот на Влатко Костов. Овој натпревар се игра во Кавадарци.

ДВОЈКИ ЗА 13.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ

БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА

ТИКВЕШ – БОРЕЦ

РАБОТНИЧКИ – А.ПАНДЕВ

ТАБЕЛА

1.ШКУПИ 29

2.РЕНОВА 22

3.А.ПАНДЕВ 22

4.БРЕГАЛНИЦА 19

5.ШКЕНДИЈА 18

6.РАБОТНИЧКИ 18

7.СТРУГА ТЛ 16

8.СКОПЈЕ 16

9.МАКЕДОНИЈА ЃП 14

10.БОРЕЦ 8

11.ТИКВЕШ 7

12.ПЕЛИСТЕР 4

Претходно„Ладен туш“ од Ла Лига за Барса и за Чави, ќе се „чешла“ договорот!
СледноБитка за Манчестер: Јунајтед VS Сити, Оле против Пеп…спектакл на “Олд Трафорд“