Не е важно како си играл, дали си сакал и си се борел да победиш, дали судиите на 0:2 те оштетиле, најважно е како на крајот мечот ќе заврши. А денеска на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, Академија Пандев како гостин со 0:3 го победи Работнички. Едноставно струмичани го “поздравија“ Работнички уште во првиот дел, и пак тој Мартин Мирчевски кој и овојпат постигна два гола, претходно и Крстевски, погоди, за голема и многу важна победа за струмичани.
За радост на гостинскиот тренер Васоски и за нови главоболки за Влахо, инаку некогашни соработници од стручниот штаб на Гоце Седлоски од времето кога беа во Вардар пред 3-4 години.