БИБЛ лигата ги одложи сите натпревари на Куманово поради неисполнети обврски

143

Раководството на БИБЛ лигата денеска објави дека ги одложува натпреварите на КК Куманово. Раководството на Лигата донело ваква одлука откако кумановци не ги исполниле обврските кон Лигата.

„Со сета почит кон КК Куманово 2009 и градот Куманово, принудени сме да ги одложиме натпреварите на КК Куманово 2009, дома и на гости, во Балканската лига до 25.11.2021 година, бидејќи нема официјален одговор до лигата по испратеното писмо до вас на 01.11.2021 г. Откако разговарав за сите прашања и со генералниот секретар на Кошаркарската федерација, Влатко Георгиевски, донесов одлука привремено да ги одложам вашите претстојни натпревари и да ви дадам можност да договорите и ресетирате сè околу вашиот клуб и неговото учество во БИБЛ лигата“, се вели меѓу другото во изјавата на спортскиот директор на Деласпорт Балканска лига, Шај Штрикс.

ПретходноМото ГП: Бањаја триумфално во Алгарве за титулата за Дукати
СледноКонте дебитираше со реми на клупата на Тотенхем, Арсенал со нова победа (ВИДЕО)