Луд меч на „Местаља“ зачинет со шест гола. Атлетико може да жали што не ги освои трите бода затоа што водеа со 1:3 се до финишот, а потоа во судиското продолжение Валенсија со два гола извлече бод.
Луис Суарез донесе водство за Атлетико во 35. минута, но во 50. минута со автоголот на Савиќ резултатот беше изедначен. Осум минути потоа Гризман постигна прекрасен гол за водство од 1:2, а по него Врсаљко зголеми на 1:3 и на шампионот му го трасира патот до победата. Сепак, не стигна до целиот плен.
Валенсија намали со гол во 92 минута на Хуго Дуро, а три минути подоцна истиот играч постигна гол за 3:3.