Во пресрет на утрешниот собир на нашите репрезентативци за мечевите со Ерменија и Исланд, се чини дека почнаа главоболките за селекторот Благоjа Милевски. Ако тие некогаш и престанале. Имено лоши вести доаѓаат од Турција. Се чини дека нашиот напаѓач Адис Јаховиќ е повреден, па затоа мораше на денешниот меч меѓу неговиот Гезтепе и Коњаспор 0:2, да излезе од игра уште во 16.минута. Е сега дали станува збор за толку сериозна повреда, допрва ќе се знае. Првичните анализи велат дека станува збор за ложата, а ако е тоа тогаш Милевски не ќе може да смета на него.