КАКОВ КАМ-БЕК НА ДЕБИТАНТОТ: Феникс се врати од минус 19 и го урна Гостивар (ФОТО)

174

Убаво неделно кошаркарско попладне во Аеродром. Феникс го совлада Гостивар со 87-81 во рамките на шестото коло во Првата лига го прекина нивнио налет. Најинтересно е што гостите минатиот викенд му се смееја на Работнички, сега со наведнати глави си одат од Скопје. Дебитантот ги понижи. На другата страна скопскиот тим го запиша третиот триумф оваа сезона.

Во СЦ „Јане Сандански“ видовме одлична пресметка, со многу пресврти, и најважно возбудливо до самиот крај. Иако избраниците на Денис Дервишевиќ паднаа во третиот период и постигнаа само три поени – наспроти 22. коша на противникот, сепак се вратија во игра.

Негативата на стартот на последната четвртина беше 51-70, но дебитантот не се предаде по лошиот трет период, во кој не можеше да погоди буквално ништо што не беше случај кај гостите. Со серија од 23-9, Феникс намали на 72-77 во 36. минута.

Феникс му подари неколку топки на Гостивар, кој пак не знаеше да ги искористи, па домаќинот дојде на 74-78, со двете слободни фрлања на Стојановски, кој пропушти со тројка да направи вистинска драма.

Во самиот финиш Кларк ја заработи петата лична грешка. Морган намали на 78-79, Гостивар фатен во тесно, пресингот на Дервишевиќ и тоа како вроди плод. Морган продолжи да создава притисок, а Стојановски го врати водството по долго време. Со два поени и тројка, Феникс поведе со 85-81 на 46 секунди до крајот. Не се вратија гостите, домаќинот заслужено се радуваше.

Претходно во првото полувреме, беше изедначено, првото полувреме едвај го доби Гостивар со 46-40.

Тинејџерите на Феникс им одржаа лекција на момците од Гостивар, во клучните моменти Стојановски постигна пет поени од вкупните 12, Митревски имаше 10, додека Хот постигна 14 поени. Прв стрелец беше Џонс со 21 поен. Кај Гостивар Вокру имаше 27 поени.

ПретходноГлавоболки за Милевски: Јаховиќ повреден!?
СледноРома на Мурињо тоне, пораз и од Венеција (ВИДЕО)