ОК Вардар се засилува со ирански репрезентативец!

319

Комеил Акбари, репрезентативец на Иран во селекцијата до 21година ќе биде најновото засилување за одбојкарскиот клуб Вардар.

Станува збор за квалитетен млад играч кој е висок 206 см, а најдобро се снаоѓа на позицијата – примач.

Минатата сезона настапуваше во одбојкарскиот шампионат на Португалија.

Ова е второ засилување за кусо време за ОК Вардар, откако пред неколку денови го ангажираше и Иван Џирлиќ, исто така репрезентативец, но на Хрватска и исто така млад одбојкар.

ПретходноСупер-Дончиќ: Тројката на Словенецот за триумф на Далас! (ВИДЕО)
СледноВоска се оградува од одговорност за инцидент на мечот со Гостивар! (ВИДЕО)