ОФИЦИЈАЛНО: Шева е нов тренер на Пандев во Џенова

323

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Украина, Андриј Шевченко од денеска и официјално е нов тренер на Џенова. Договорот со 45-годишниот Украинец е со важност до 30 јуни 2024 година.

Поранешниот играч на Милан и Челзи и освојувач на „Златната топка“ ја предводеше украинската репрезентација од 2016 до 2021 година. Тој го напушти тимот по Евро 2020.

Претходно беше објавено дека Шевченко ќе заработува 2 милиони евра годишно во Џенова.

ПретходноРома на Мурињо тоне, пораз и од Венеција (ВИДЕО)
СледноВМФЛ – ЗАПАД: Вардар чекаше до 90.минута да го победи Кораби, Силекс броеше до седум