Првиот потег на новиот тренер: Чави му даде отказ на медицинскиот тим на Барселона!

1185

Познат е првиот потег на новиот тренер на Барса, Чави Ернандез. По ремито со Селта синоќа и по најновата повреда на Ансу Фати, Чави во договор со спорсткиот директор на каталонскиот гигант, Матеу Алемани, одлучи да му даде отказ на медицнскиот тим и да донесе нов. Значи она што неговиот претходник, Роналд Куман, во неколку наврати го истакнуваше, Чави од прва го реши.

Навистина фрапантно е како тоа играчите на Барса се повредуваат, како тоа бисерот Ансу Фати веќе една година глава не може да дигне од повредите. Ете вчера против Селта, за Барса не можеа да настапат поради болест или повреда Педри, Дембеле, Серхи Роберто, Пике, Агуеро, Брајтвајт, Дест, потоа за време на мечот се повредија Гарсија и Гонзалес, а Фату дојде како капак на сите проблеми.

Јасно е дека кога ќе имаш волку повредени играчи, тогаш не можеш да играш и да победуваш.

ПретходноФантастично: Премиер-лигата само од ТВ права со приход од 15 милијарди фунти!
Следно„НЕ“ за милионскиот договор: Фановите на Баерн со порака до раководството!